По нападот Ружди го изгубил видот на едното око

Од:

По нападот во државата Њујорк, Салман Ружди повеќе не може да гледа во едното око и да ја користи едната рака, изјави неговиот агент.

75-годишниот автор, кој доби смртни закани од Иран во 1980-тите по објавувањето на неговиот роман „Сатански стихови“, беше избоден со нож во вратот и торзото од напаѓач на 12 август додека излегол на сцената за да одржи говор.за уметничката слобода во институција.

„Раните му беа длабоки, го загуби видот на едното око. Доби три сериозни рани на вратот. Веќе не може да ја користи едната рака бидејќи му се исечени нервите. Има уште 15-тина рани на градите и трупот. Така, тоа беше брутален напад“, рекол Ендрју Вајли, а пренесува The Guardian.

Тој одби да каже дали Ружди уште е во болница, велејќи дека најважно е писателот да преживее.

Агентот, исто така, рече дека порано разговарал со Ружди за опасноста од таков напад.

“Толку години по фатвата, тој беше нападнат од случајна личност, која дојде од никаде. Така што не можете да се заштитите од тоа бидејќи тоа е сосема неочекувано и нелогично” рекол Вајли.

Хади Матар (24), кој го нападна Ружди, на 18 август пред судот се изјасни за невин за обид за убиство и напад. Две недели пред нападот, Ружди му рекол на новинарот дека чувствува дека неговиот живот се нормализира и дека стравот од нападот е минато.

Би можело да ве интересира

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди