Петдневна жалост во Италија по смртта на папата

Од:

Италијанската влада прогласи петдневна жалост по смртта на папата Франциск, одлуката е донесена на утринскиот состанок на министрите.

Периодот на жалост ќе трае до сабота, денот на погребот, објави „Гардијан“.

Ковчегот на папата Франциск ќе биде изложен од среда во 7:00 часот во базиликата Свети Петар во Рим, пренесе „Бета“.

Посмртните останки на папата моментно се наоѓаат во капелата на резиденцијата на Ватикан, каде што живееше од неговиот избор за поглавар на Римокатоличката црква во 2013 година.

Погребната церемонија на папата Франциск ќе започне во сабота во 10 часот, по локално време, на плоштадот Свети Петар, соопшти Ватикан.

Ковчегот потоа ќе биде пренесен во базиликата Света Марија Велика во центарот на Рим, каде ќе биде погребан, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Конклавата почнува утре, двајца фаворити за нов папа

ВИДЕО: Ватикан се подготвува, поставен оџак на Сикстинската капела

Катерина Ѓуровски

Објавени фотографии од гробот на папата

Катерина Ѓуровски

Погребан папата Франциск

Предраг Петровиќ

Пристигна во Рим во најскап стајлинг, а на погребот на папата беше непрепознатлива

ЖИВО: Почна погребната церемонија на папата Франциск, обезбедување од 4.000 полицајци