Чешкиот претседател Петр Павел денес изјави дека „замижувањето“ кон Украина дава „зелено светло за идните агресори“.
„Русија продолжува да ги таргетира цивилите, цивилната инфраструктура, странските дипломатски мисии, а неодамна дури и ја нападна нашата соседна земја, Полска“, рече Павел на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, додавајќи дека се доведени во прашање и дејствијата на хибридно војување на територијата на Чешка, пишува Гардијан.
Тој предупреди дека „руската агресија“ се заканува да го уништи меѓународниот поредок заснован на почит, еднакво партнерство и правила што сите треба да ги почитуваат.
Павел тврди дека Русија, со поддршка на Кина, Иран, Северна Кореја и други земји, не само што продолжува да ја проширува својата сфера на влијание, туку и ги заобиколува санкциите, обезбедувајќи економска и политичка поддршка на руските напади.
Како што нагласи, Русија сè уште е насочена кон територијата на Украина и не покажува знаци дека ги намалува своите „агресивни цели“.
Претседателот на Чешката Република смета дека светската безбедност е сериозно загрозена и дека она што се случува во Украина може да се случи насекаде во светот, под сличен изговор.
„Замижувањето пред Украина денес е зелено светло за секој иден агресор насекаде во светот“, заклучи Павел.