Папата Лав XIV денес ги повика политичките лидери да ги напуштат „плановите на смртта“ за време на конфликтот во Иран и нагласи дека нуклеарната закана не смее да ја диктира иднината на човештвото.
Папата, исто така, се помоли „Господ да ги просветли лидерите на народот, за да имаат храброст да ги напуштат проектите на смртта, да ја запрат трката во вооружување и да ги стават животите на најранливите во центарот“, објави „Ватикан њуз“ видео пораката на Папата посветена на мирот и разоружувањето.
„Денес ја воздигнуваме нашата молитва за мир во светот, барајќи од луѓето да се откажат од своето оружје и да го изберат патот на дијалогот и дипломатијата“, рече Папата, според „Танјуг“.
Папата Лав се помоли секој љубезен збор, секој гест на помирување и секој избор за дијалог да бидат семе на нов свет.
