Откриен трупот на паднатиот авион на „Ер Азија“

Од:

Сингапурски воен брод го лоцира трупот на авионот на компанијата „Ер Азија“, кој пред повеќе од две недели падна во Јаванското Море со 162 патници и членови на екипаж, објави сингапурскиот министер за одбрана.

Енг Хен објави на својот „Фејсбук“ профил дека добил информација од командантот на морнарицата дека е пронајден трупот на авионот и објави подводни фотографии.

Портпаролот на индонезиската морнарица Манахан Симорангкир изјави дека станува збор за фотографии на дел долг 20 метри, широк седум и висок три метри. Засега, не може со точност да се потврди дали станува збор за трупот на авионот.

Индонезиски нуркачи претходно извадија на површината две црни кутии од кабината на авионот.

Во едната црна кутија, која е откриена во непосредна близина на падот на авинот се наоѓа снимка од два часа разговор меѓу пилотот и контролата на летање. Двете црни кутии се испратени на анализа во главниот град на Индонезија.

Авионот Ербас А320-200 загуби контакт со контролата на летање на 28 декември, на половина пат од вториот по големина град во Индонезија Сурабаја, на летот кон Сингапур.

Би можело да ве интересира

Пилотот на авионот на „Транс Азија“ се обидувал да ја спречи несреќата

Емир Латифовиќ

Уште шест тела извадени од паднатиот авион во Јаванско Море

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ пребрзо се искачувал

Емир Латифовиќ

Авионот на „Ер Азија“ веројатно експлодирал во воздух пред да падне во морето

Емир Латифовиќ

Извлечена црна кутија од „Ер Азија“

Емир Латифовиќ

Лоцирани црните кутии на авионот на „Ер Азија“

Емир Латифовиќ