Орбан: Војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави свикување на Советот за одбрана и изрази загриженост за можното продолжување на конфликтот во Украина.

„Воените акции во последните денови укажуваат дека војната ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме на почетокот на годината… Мора да бидеме подготвени војната да се одолговлекува, со сите последици за безбедноста и економијата“, напиша Орбан на социјалните мрежи.

Тој истакна дека моменталната ситуација покажува значителен јаз помеѓу мировните напори иницирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и намерите на лидерите во Брисел и Киев, кои сакаат да продолжат со воените дејствија во Украина.

Претходно, Орбан изјави дека Европа ризикува да се вплетка во трка во вооружување со Русија околу Украина.

Би можело да ве интересира

Орбан по приведувањето на брат му: Ова е политички лов на вештерки – јас сум целта, тој е само пион

А1он

Маѓар: Приведен e братот на Виктор Орбан, осомничен е за трговија со луѓе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ го пречека Орбан во Белград: Ги изгубивме изборите, но не и достоинството и гордоста!

А1он

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

Орбан: Унгарија стана воена цел!

А1он

Обвинителите влегоа во партијата на Орбан – запленија сервери со податоци

А1он