Орбан: ЕУ се дави во корупција

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија „се дави во корупција“, коментирајќи ја истрагата за наводни злоупотреби во проект финансиран од ЕУ за обука на млади дипломати.

„ЕУ се дави во корупција. Комесарите се соочуваат со сериозни обвиненија, Комисијата и Парламентот се опфатени со скандали, а Брисел и понатаму држи лекции по морал“, напиша Орбан на социјалната мрежа „X“.

Неговата реакција следува откако белгиската федерална полиција во вторникот, на барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО), ги приведе поранешната шефица на европската дипломатија Федерика Могерини, висок член на Колеџот на Европа во Бриж, и висок функционер на Европската комисија.

ЕППО соопшти дека истрагата се однесува на тоа дали доверливи критериуми за избор на учесници во ЕУ Дипломатската академија – деветмесечна програма за млади дипломати доделена на Колеџот во периодот 2021–2022 – биле незаконски споделувани пред објавата на тендерот.

Орбан напиша и дека „корупцијата во Украина треба да биде јавно посочена од ЕУ, но повторно се повторува истата приказна – Брисел и Киев се штитат меѓусебно наместо да се соочат со вистината“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Медиумскиот магнат од ерата на Орбан ги нуди компаниите на државата, полицијата потврди дека ги истражува

Орбан: Унгарија влегува во нова фаза – „либерално владеење“

А1он

Орбан ги загуби изборите, понуди оставка од функцијата лидер на партијата

Виктор Орбан го враќа освоениот пратенички мандат – ќе ја јакне партијата

А1он

Синот на Виктор Орбан ја напушти војската – поднесе барање пред изборите

А1он

Орбан: Унгарија не е подготвена да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Киев

А1он