Повеќе од 4.000 лица побегнаа од поширокото подрачје на Мосул од почетокот на масовната воена операција за заземање на тој ирачки град, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Претставникот на таа организација за Ирак, Питер Хокинс не можеше да го наведе точниот број на оние кои избегале, но наведе дека во најмалку еден бегалски камп, условите за претстој на деца се „многу, многу лоши“.
Тој истакна дека тимови на УНИЦЕФ на цивилите им доставиле вода и други залихи, за кои се очекува дека ќе бидат доволни за седум денови.
Оваа организација на цивилите во Мосул, исто така, им обезбеди вакцини против детска парализа и мали сипаници, кои не им беа достапни повеќе од две години, колку што беа под контрола на т.н. Исламска држава.