Стотици курдски борци од Турција пристигнале во Сирија во последните неколку денови за да се борат против џихадистите од Исламска држава во Ирак и Левантот, кои под опсада го држат Аин ал Араб, третиот по големина курдски град на територијата на Сирија.
– Околу 800 курдски борци од Турција ја преминале сириската граница последните денови за да им помогнат на своите браќа од сирискиот курдски град, изјави директорот на Сириската опсерваторија за човекови права, Рами Абдел Рахман.
Тој истакна дека турските Курди пристигнале во Сирија на повикот на Курдската работничка партија (ПКК), која е забранета во Турција.