Од хотелот „Радисон Блу“ во Бaмако, каде вооружени напаѓачи од утрово држеа 170 гости и вработени како заложници, ослободени се 80 луѓе, објавија државните медиуми на Мали.
– Напаѓачите се уште се внатре. Повремено се слушаат истрели, изјави еден очевидец.
Во меѓувреме, турските власти соопштија дека тројца од седум членови на екипажот на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ побегнаа од хотелот.
Безбедносните сили на Мали упаднаа во хотелот, каде се убиени најмалку тројца од 179 заложници.
Претседателот на Мали Ибрахим Бубакар Кеита ја прекина посетата на Чад и се врати во Бамако.