Објавени добитниците на „Алтернативните Нобелови награди“

Од:

Новинарката од Азербејџан, Хадиџа Исмаилова, која откри неколку случаи на корупција кај високи претставници на власта во својата земја, е еден од лауреатите на годинашните Алтернативни нобелови награда, кои се доделуваат за заштита на животната средина и човековите права.

Исмаилова е првиот претставник на Азербејџан, кој ја добива наградата на приватната фондација „За достоен живот“ со седиште во Стокхолм.

Годинава наградени се и Јетнеберш Нигусие од Етиопија за промовирање на правата и социјалното вклучување на лицата со посебни потреби и индискиот адвокат Колин Гонсалвес, за важни судски одлуки бо одбрана на најмаргинализираните и најранливите граѓани на Индија, се наведува во соопштението од Фондацијата.

Тројцата лауреати ќе ја поделат наградата од 314.000 евра.

Фондацијата досега има 170 лауреати од 69 земји. Оваа година церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 1 декември.

Би можело да ве интересира

Белоруски активист и уште тројца добитници на алтернативната Нобелова награда

Ана Ололовска

Врачени „Алтернативните нобелови награди“

Ана Ололовска

Доделени „алтернативните Нобелови награди“

Ана Ололовска