Обама: Победата на опозицијата во Унгарија е потсетник дека сите треба да продолжат да се борат за правда

Од:

„Победата на унгарската опозиција на вчерашните избори, како и оние во Полска во 2023 година, е победа за демократијата, не само во Европа, туку и во целиот свет. Пред сè, тоа е доказ за отпорноста и решителноста на унгарскиот народ, како и потсетник за сите дека е потребно да се продолжи да се залага за правда, еднаквост и владеење на правото“, напиша на X поранешниот американски претседател Барак Обама.

Унгарците гласаа вчера на изборите на кои партијата на Петер Маѓар, убедливо победи. Поранешниот премиер Виктор Орбан го призна поразот.

Речиси сите гласови се преброени и Тиса има 138 мандати, а Фидес има 55.

Синоќа, многу европски лидери му честитаа на победникот на унгарските парламентарни избори, Петер Маѓар, откако неговата опозициска партија Тиса успеа да освои двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.

Меѓу другите, Маѓар доби честитки од Италија, Шпанија, Велика Британија, Франција, Германија, ЕУ, како и од Украина од претседателот Володимир Зеленски.

Би можело да ве интересира

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Туск му честиташе на Маѓар: Јас сум посреќен и од тебе

А1он

Падна Виктор Орбан, голема победа за Петер Маѓар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Клучни избори во Унгарија, што велат анкетите и обложувалниците

Вучиќ го поддржа Орбан пред изборите

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он