Обама го отвори самитот на АСЕАН со повик за мирно решавање на споровите

Од:

Американскиот претседател Барак Обама го отвори дводневниот самит на лидерите на земјите од Југоисточна Азија со повик за уредување на споровите на мирен начин и со законски средства.

Во резиденцијата Снилендс во летувалиштето Ранчо Мираж, во Калифорнија, Обама и лидерите на десетте држави од Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) ќе разговараат за прашања, поврзани со економијата и безбедноста во регионот.

Во кусото поздравно обраќање Обама ја нарече оваа прва средба на АСЕАН на американска територија плод на неговиот личен ангажман за трајно партнерство со разнолика група држави.

Тој изјави дека АСЕАН игра централна улога во мирот и просперитетот на регионот.

Обама ја потенцира неопходноста од заштита на меѓународното право и решавање на споровите на мирен начин и со законски средства, алудирајќи на територијални спорови меѓу повеќето земји од АСЕАН и Кина во Јужнокинеското Море.

Во АСЕАН членуваат Тајланд, Малезија, Сингапур, Индонезија, Филипини, Брунеи, Виетнам, Лаос, Мјанмар и Камбоџа и тие заедно претставуваат седмата по големина економија во светот.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска