Новиот премиер на Канада: Подготвен сум за разговори со Трамп за трговските односи

Од:

Новиот канадски премиер Марк Карни изјави дека е подготвен да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за да разговараат за заеднички пристап кон трговските односи меѓу двете земји, но истакна дека САД мора да го почитуваат канадскиот суверенитет.

– Ја разбирам загриженоста на Трамп за фентанилот, тоа е проблем и за Канада, изјави Карни за време на посетата на челичарница во Хамилтон, Онтарио, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој нагласи дека Канада веќе презела мерки за зајакнување на граничната контрола за да го спречи шверцот на фентанил во САД.

Во меѓувреме, Канада воведе контрамерки на зголемените американски царини од 25 отсто на канадски производи, вклучително и челик и алуминиум.

Карни ја презеде лидерската позиција во Либералната партија, додека Џастин Трудо сè уште формално ја извршува функцијата премиер до официјалната смена, која се очекува до крајот на неделава.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

ВИДЕО: Трамп вели дека „Канада е една од најлошите земји во светот“

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ