Новинарите во Газа си ги пишуваат своите тестаменти

Од:

Двојниот напад на израелските сили врз болницата Насер во јужниот дел на Газа, во кој, покрај дваесет цивили и здравствени работници, беа убиени и пет новинари кои работеа за Ројтерс, Асошиејтед Прес, Ал Џезира и други медиумски куќи, предизвика силен бран меѓународна осуда.

Во првиот напад, беше погоден горниот кат од болницата, а новинарот на Ројтерс Хусам ал-Масри го загуби животот. Новинарите и спасувачите веднаш се упатија кон местото на настанот за да им помогнат на ранетите. Но, петнаесет минути подоцна, на истото место беше фрлена уште една бомба. Во преносот во живо на телевизијата АлГад Араб, чија веродостојност беше потврдена од Би-Би-Си, може да се види моментот на застрашувачката втора експлозија што директно ги погодува вработените во службите за итни случаи и новинарите кои известуваа од местото на настанот.

Во тој втор напад, беа убиени Марјам Абу Дага, која работеше за Асошиејтед Прес, новинарот на Ал Џезира Мухамед Салам, фоторепортерот Моаз Абу Таха и Ахмад Абу Азиз од Кудс Фид, а новинарот на Ројтерс Хатем Халед беше ранет.

Американскиот претседател Доналд Трамп во својата прва реакција изјави дека не е среќен поради тоа“ и дека е потребно да се стави крај на овој кошмар“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изрази жалење за нападот врз болницата во Кан Јунис

Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече најновиот напад врз болница во Газа неподнослив“. А британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, изјави дека е ужасен“ од израелскиот напад во кој цивили, здравствени работници и новинари ги загубија своите животи и побара итно прекин на огнот.

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јозеп Борељ, вчера изјави дека убиството на новинарите во Газа не е случајност и го обвини Израел дека ги таргетира: Неверојатно е како меѓународната заедница не реагира“, рече Борељ, критикувајќи го недостатокот на заеднички европски одговор на ситуацијата во Газа, пренесува RTVE.

Би можело да ве интересира

Таен извештај на САД: Израелските војници извршија стотици можни кршења на човековите права во Газа

Јордан: Меѓународните трупи нема да се обидуваат да наметнат мир во Газа

Израел доби одобрение да напаѓа цели на Хамас од својата страна на „Жолтата линија“

Нема мир во Газа, за 24 часа загина над 100 луѓе

Најмалку 90 убиени во најновиот израелски напад врз Газа

Горан Наумовски

Најмалку едно лице загина во израелски напад со беспилотно летало во Газа