Претставник на пограничните власти на границата меѓу Тајланд и Мјанмар денеска изјави дека само прекуеден премин во изминативе три месеци од Мјанмар во Тајланд влегле над 10.000 лица што бараат работа.
Тие, според денешниот „Национал’’, ќе се соочат со големи проблеми, бидејки Тајланд е веќе преплавен со 2 милиони работници од Мјанмар, Камбоџа и Лаос, од кои најмалку половина работат илегално, најчесто под минимум услови ба човечкото дпстоинство.
Минатата година, по воениот удар од Тајланд доброволно, или под закана за протерување во Камбоџа беа вратени над 250, а во Мјанмар 160 илјади лица кои работеа без валидни документи.
Меѓу Тајланд Мјанмар, Камбоџа и Лаос лани беше потпишан Меморандум за разбирање во однос на странците што бараат, или имаат работа во Тајланд. Според овој Меморандум, на странските работници со исправни документи издадени од агенции за посредување, им е дозволено да работат во Тајланд две години, со можност да останат најмногу уште една година.
Соочени со голема сиромаштија и безработица, жителите на Мјанмар, Камбоџа и Лаос заминуваат во Тајланд, каде што ги извршуваат најтешките работи на земјоделските и рибарските фарми и во туристичките населби.