Нов биланс: 231 жртва од уривањето на покривот на дискотеката во Доминиканска Република

Од:

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб Џет Сет во Санто Доминго се искачи на 231, соопшти денеска министерката за внатрешни работи на Доминиканската Република – Фариде Рафул.

Несреќата во реномираниот ноќен клуб се случи пред една недела. Рафул објасни дека на лице место биле регистрирани 221 жртва, а уште 10 починале подоцна во болниците.

Како што објавија медиумите претходните денови, во несреќата загина гувернерот на провинцијата Монтекристи, Нелси Круз, а повредена е пејачката на меренге – Руби Перез, која настапувала кога се урна таванот.

Очевидци наведуваат дека се се случило многу брзо, околу еден час по почетокот на концертот и дека прво мислеле дека е земјотрес.

Се уште не е позната причината за уривањето на таванот.

Би можело да ве интересира

Извештајот не ја разјасни причината за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб во Доминиканска Република

А1он

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканска Република се искачи на 221

А1он

ВИДЕО: Црниот биланс на загинати во ноќниот клуб во Доминикана расте

Пронајдено е телото на пејачот Руби Перез под остатоците на урнатиот клуб во Доминиканската Република во кој загинаа 113 лица

Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27

А1он

(ВИДЕО) Ноќниот клуб во кој падна покривот и усмрти 18 луѓе работи 50 години

А1он