Евангелистичката црква од норвешкиот град Олсвик упати повик до сите играчи на „Покемон Гоу“ да и се придружат во „заедничкиот лов на покемони“.
– „Покемон Гоу“ ќе се игра во црквата в недела во 13 часот. Црквата е и „Поук стоп“ и „Поук џим“, а вие ќе добиете бесплатен ви-фи, нешто да замезите и покрив над главата, се наведува по пораката објавена на профилот на црквата на Фејсбук.
Голем број играчи на „Покмеон Гоу“ често доаѓаат околу и во црквите во потрага по ретките покемони, па оваа норвешка црква очигледно решиле да ја искористи оваа можност за да привлече поголем број верници.