„Невидена бруталност на рускиот режим“

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте денеска изјави дека смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални „ја покажува невидената бруталност на рускиот режим“.

„Навални се бореше за демократските вредности и против корупцијата“, рече Руте на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека Навални ја платил својата борба со својата смрт, „додека бил чуван во најсурови и најнехумани услови“.

Посакувам многу сила на неговото семејство, на најблиските и на сите кои заедно со него се бореа за промени во Русија“, напиша Руте.

Би можело да ве интересира

Руте повика на нормализација на односите со Русија

Руте: Земјите-членки на НАТО мора да произведуваат повеќе оружје

Руте: Земете ги работите во свои раце, нема да ви треба висок претставник

А1он

Шефот на НАТО: Трамп покажа посветеност на НАТО

Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп

А1он

Руте: Европа мора да излезе со конкретни планови за Украина