Нетанјаху: Има уште 20 живи заложници во Појасот Газа, 38 загинаа

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во Газа се уште има 20 живи заложници, а дека 38 се мртви, ветувајќи дека „сите“ ќе ги вратат во Израел.

Тој рече дека Израел има „многу организиран“ план да ги постигне своите воени цели во Газа, додавајќи дека војната во Газа има „јасна и оправдана цел“, пишува „Тајмс оф Израел“.

„Да го поразиме Хамас, кој изврши злосторства на 7 октомври, да ги вратиме сите наши заложници и да се осигуриме дека Газа не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.

Тој го истакна успехот на израелската армија за време на операцијата во која беше убиен лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Синвар, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху