Нетанјаху: Хамас ќе остане во Газа само „преку мене мртов“

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека борбата против Хамас и неговото уништување, како и истовременото ослободување на заложниците, не се во спротивност, односно дека не е потребно да се откажеме од борбата со Хамас за да ги ослободиме заложниците.

„Ви велам, Хамас нема да преживее. Нема да има Хамастан. Нема да се вратиме на тоа. Тоа е завршено. Ќе ги ослободиме сите наши заложници“, рече Нетанјаху за време на неговата посета на Ашкелон, според „Тајмс оф Израел“.

Тој ги окарактеризира сугестиите дека овие две спротивни цели се „глупости“, наведувајќи дека целите одат заедно и дека Хамас ќе биде елиминиран до крај.

Според извештајот на Канал 13, Нетанјаху за време на состанокот за војната во Газа рекол дека Хамас нема да остане во Газа освен ако „тој не е мртов“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху