Нетанјаху до жителите на Газа: Предупредени сте, одете веднаш

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги предупреди жителите на градот Газа веднаш да заминат, само неколку часа откако Израел објави дека ќе ги интензивира воздушните напади врз енклавата, објави Ројтерс.

Им се обраќам на луѓето од Газа, искористете ја оваа можност и слушајте внимателно: предупредени сте – одете веднаш!“, рече тој.

Нетанјаху изјави дека силите сега се организираат и собираат во градот Газа за копнени маневри“.

Во меѓувреме, израелската војска продолжи да ги дига во воздух куќите и зградите користејќи роботски стапици во близина на езерото Шеик Радван во северна Газа, што се совпадна со воздушните напади во областа, додека израелските квадрокоптери фрлаа експлозивни бомби врз покривите на цивилите, предизвикувајќи паника кај жителите.

Во централниот дел на Појасот Газа, пет лица беа убиени, а 22 повредени кога израелската армија ги гранатираше цивилите во бегалскиот камп Нусејрат.

Три лица, меѓу кои брат и сестра, исто така беа убиени, а седум други беа ранети во израелски напад врз шатори во бегалски камп во областа Ал-Маваси во Кан Јунис. Армијата во саботата тврдеше дека го прогласила Ал-Маваси за хуманитарна зона, повикувајќи ги жителите на градот Газа да се евакуираат во областа.

Израел уби повеќе од 64.500 Палестинци во својата брутална офанзива во Газа од октомври 2023 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

Израел има малку време за напади на Иран пред евентуалното примирје од САД

Нетанјаху свика итен состанок поради можни преговори меѓу САД и Иран

А1он

Нетанјаху: Продолжуваме со нападите и покрај преговорите меѓу САД и Иран

А1он

(ВИДЕО) Нетанјаху: Иран сите не стави на нишан

А1он

Иранската војска се закани дека ќе го убие Нетанјаху