Некои починаа, некои ослепеа, капки за очи повлечени од продажба

Од:

Производител со седиште во Индија во четвртокот ги повлече своите капки за очи EzriCare (вештачки солзи) откако американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека тие можеби биле контаминирани со бактерии отпорни на лекови.

Минатиот месец ЦДЦ ѝ кажа на јавноста да престане да користи капки за очи EzriCare. Известија дека тоа е мерка на претпазливост бидејќи добиле дојава дека капките се поврзани со инфекција која предизвикала трајно губење на видот, а веќе е регистриран и еден смртен случај, пишува Business Insider.

Центрите за контрола и превенција на болести на 20 јануари објавија дека 50 лица од 11 американски држави биле позитивни на бактеријата Pseudomonas aeruginosa.

Бактеријата Pseudomonas aeruginosa може да предизвика инфекции на крвта, белите дробови или рани. Сè потешко е да се лекува бидејќи развива одбранбени механизми против антибиотици. Пронајдениот вид на P. aeruginosa е отпорен на карбапенеми, силни антибиотици кои ги уништуваат бактериите кои предизвикуваат болести како пневмонија, инфекции на уринарниот тракт и тешки инфекции на кожата.

Отпорен е и на два други антибиотици – цефтазидим, кои лекарите ги користат за инфекции на уринарниот тракт, менингитис и инфекции на крвотокот. На 20 јануари ЦДЦ препорача и лекарите и пациентите „веднаш да престанат да користат вештачки солзи на EzriCare, додека не завршат епидемиолошкото истражување и лабораториските тестови“.

Би можело да ве интересира

Скандал на пазарот: Повлечени капки за очи – луѓето го губат видот