Неизвесно е отворањето на британските средни училишта по Божик

Од:

Неизвесно е дали сите средни училишта во Велика Британија ќе ја продолжат наставата по Божик, соопшти утрово кабинетот на секретарот на британската Влада, Мајкл Гоув.

Тој потврди дека според актуелниот план е предвидено делумно обновување на наставата од следната недела, а една седмица подоцна и враќање во училишните клупи на сите средношколци во Велика Британија.

– Ја анализираме ситуацијата, а со наставниците ќе се консултираме во следните 24 до 48 часа, со цел со сигурност да ја потврдиме исправноста на нашите планови, истакна Гоув.

Би можело да ве интересира

И за време на локдаунот, секој петок имало забави во резиденцијата на Борис Џонсон

Прв потврден смртен случај од омикрон во Велика Британија

Британија го одложува укинувањео на ограничувањата

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 90 отсто од Британците развиле антитела по првата доза „АстраЗенека“ или „Фајзер“

Катерина Ѓуровски

Вакцинацијата против коронавирусот во Англија спаси речиси 12 илјади животи