Научници тврдат дека ги пронашле „Адам“ и „Ева“

Од:

Група научници тврдат дека го пронашле прататкото на сите денешни мажи, кој живеел пред 135.000 година, објави магазинот „Сајнс“.


Со новите истражувања на машкиот Ипсилон хромозом оваа група научници ги побиваат досегашните теории дека најстариот предок на денешниот човек живеел во периодот од пред 50 до 60 илјади години.


Во заклучоците од истражувањето се наведува дека новооткриениот „Адам“ живеел во истиот период кога и прамајката на сите жени, условно наречена „Ева“, но она што е интересно е тоа дека тие не живееле близу еден до друг и немале директни заеднички потомци.


Досега во научната јавност доминираше становиштето дека предците на современиот човек пред околу 60.000 години тргнале од Африка и почнале да го населуваат целиот свет. Според ова тврдење, прамајката на сите жени потекнувала од источна Африка.


„Адам“ и „Ева“ од истражувањето не се поврзани со истоимените личности од Библијата, туку имињата се искористени на сликовит начин да се посочат како предци на современото човештво.

Би можело да ве интересира

Младоженецот доживеал напад, па невестата си нашла нов сопруг

Емир Латифовиќ

Полјак за пола година го превеслал Атлантикот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како изгледа фабриката во која се изработуваат бебиња Исус

Емир Латифовиќ

Корисници на интернет за 15 минути решиja 18 година стара мистерија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Тоалет на раб на бездна

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Американци му помогнаа на чешки бездомник да се врати дома од САД

Емир Латифовиќ