Нападнати неколку украински здравствени центри

Од:

Светската здравствена организација потврди „неколку“ напади врз здравствени центри во Украина и истражува други, изјави денеска првиот човек на организацијата Тедрос Аданом Гебрејесус.

Нападите, додаде тој на Твитер, предизвикаа повеќе смртни случаи и повредени.

„Нападите врз здравствените установи или работници ја нарушуваат медицинската неутралност и се кршење на меѓународното хуманитарно право“, напиша тој.

Украинскиот министер за здравство Виктор Лиашко, пак, изјави дека „руските терористи веќе оштетија 34 болници во Украина, поради што некои од нив воопшто не се во можност да даваат услуги“, пренесе Укринформ.

„Денеска непријателот онеспособи 34 болници низ целата земја. На некои од нив им се уништени зградите, прекинати мрежите, останати се без услуги за снабдување со вода и електрична енергија. На некои целосно им е оневозможено да работат. Тоа е уште едно прекршување на Женевската конвенција, која прецизира дека здравствените работници не можат да бидат вклучени во војна и воени конфликти. Окупаторите го занемаруваат тоа, намерно ги прекршуваат сите одредби од Женевската конвенција и уште еднаш докажуваат дека не се војска, туку терористи“, изјави Лиашко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он

ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

А1он

Трамп, не играј си ултиматуми со Русија

А1он