Најмалку седум лица се повредени денес во руските напади врз индустриската зона Харков, како и врз Семеновка во Черниховската област, објавија локалните власти.
Шефот на административниот округ Новгород-Сиверски – Александар Селиверстов, во објава на Фејсбук изјави дека четири лица се повредени во нападот на руски дрон врз Семеновка, пренесува Укринформ.
„Околу пладне на 17 јануари, непријателот нападна станбена зона во Семеновка со јуришен дрон „Молнија“. Дронот ја погоди куќата на локален жител. Припадници на полицијата пристигнаа да помогнат. Додека беа на местото на настанот, се случи втор напад, во кој беа повредени тројца полицајци и жена (59) – сопственичка на куќата“, рече Селиверстов.
Според него, сите повредени се пренесени во медицинска установа и се лекуваат.
Началникот на воената администрација на градот Харков, Олег Синегубов, изјави дека три лица се повредени во рускиот напад врз индустриската зона во тој град и дека сите повредени се лекувани медицински.