Најмалку 28 лица загинаа при уривање на брана во Лаос

Од:

Спасувачите пронајдоа 28 беживотни тела откако синоќа се урна брана во провинцијата Атапу, југоисточен Лаос.

Стотици луѓе се водат како исчезнати.

Водата поплави шест села, а 6.000 луѓе останале без своите домови.

Луѓето поради надојдената вода се евакуираат со чамци.

Се уште не е позната причината за уривање на браната.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајна несреќа во Лаос загинаа 13 кинески туристи

Ана Ололовска