Најмалку 27 лица загинаа во шумските пожари во областа на Лос Анџелес, додека 31 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.
Повеќе од 12.300 објекти се уништени или оштетени во пожарите кои изгореа речиси 40.000 хектари земја, а повеќе од 170.000 луѓе беа принудени да се евакуираат, јавува CNN.
Најголемите пожари, во Палисадес и Итон, избувнаа на 7 јануари и досега уништија повеќе од 37.000 хектари.
Пожарот во Пацифик Палисадес, кој уништи околу 5.000 објекти, моментално е локализиран, додека пожарот северно од Пасадена, кој оштети или уништи 7.000 објекти, е локализиран 55 отсто, пренесува ABC News.
Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес истражува 31 извештаи за исчезнати лица.