Најмалку 25 лица загинаа, а 107 други се повредени, при пожар што избувна денеска пред изгрејсонце во болница во Саудиска Арабија, соопшти саудиската Цивилна заштита.
Пожарот се случил во општата болница во пристанишниот град Џазан, административен центар на истоимената југозападна саудиска провинција во близина на границата со Јемен, која е една од најсиромашните области во Саудиска Арабија.
Огнот избувнал на првиот кат во болницата, каде што се сместени интензивната нега и оделот за мајки и деца.
Телевизијата Ал-Ехбарија, повикувајќи се на изјави на сведоци, информира дека пожарот најверојатно бил предизвикан од куса врска со електричната инталација, по што за само три минути се проширил низ целата болница.