Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ја погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 4.300.
Земјотресите оставија илјадници повредени, како и оние кои останаа без покрив над главата, бидејќи цели станбени блокови беа срамнети со земја.
Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени се случи ноќе на студено време во провинцијата Кахраманмарасу на југоисток, на околу 60 километри од сириската граница.