На Дуров му е забрането да ја напушти Франција: Одредена му е кауција од пет милиони евра

Од:

Рускиот технолошки бизнисмен и основач на Телеграм, Павел Дуров, кој денеска беше сослушан пред францускиот суд, е ставен под судски надзор и му е забрането да ја напушта Франција, соопшти обвинителството во Париз.

Дополнително, за него е одредена кауција од пет милиони евра.

Обвинителството го товари Дуров за шест кривични дела, вклучително и работење на онлајн платформа со цел вршење нелегални трансакции.

Тој ќе мора двапати неделно да се јавува во полиција.

Дуров претходно беше приведен од истражен судија.

Павел Дуров беше уапсен по пристигнувањето на аеродромот во Бурје во саботата, 24 август, како дел од опсежната истрага во која беа вклучени неколку полициски и жандармерски служби.

Би можело да ве интересира

Дуров: Помогнав во борбата против тероризмот во Франција

Дуров остана без своите пасоши

Горан Наумовски