Извештајот за околностите за учество на Британија во војната во Ирак ќе биде објавен на 6 јули и се очекува дека ќе биде критичен спрема поранешниот премиер Тони Блер кој и понатаму ја брани одлуката за инвазија врз таа држава.
Блер не сакаше да потврди дали ќе прифати заклучоци за долго очекуваниот извештај на Чилкотовата комисија, на кој се работи од 2009 година.
Британски медиуми јавуваат дека Блер и понатаму ја брани одлуката дека инвазијата покрената во 2003 година Садам Хусеин била да се симне од власт, истакнувајќи дека Ирак денеска е единствена држава во регионот „способна за борба против тероризмот“.
Во изјава за Би-Би-Си, Блер отфрли обвиннувања дека приватно веќе донел одлука за инвазија врз Ирак, пред тој став да и го претстави на јавноста.
Запрашан дали ќе прифати заклучоци од извештајот, Блер рече: – Да го почекаме тој момент.
Блер отфрли и обвинувања дека хаосот по инвазијата во 2003 година, помогнал за создавање на Исламска држава.