Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Од:

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин и премиерот на Јапонија, Шинѕо Абе на маргините на Самитот на АСЕАН разговараа со цел да се разрешат историските и трговски тензии помеѓу овие две држави.

Мон и Абе потенцираа дека секој билатерален проблем може да се реши преку дијалог.

Трговскиот конфликт помеѓу овие две држави датира од јули, кога Јапонија одлучи да воведе поригорозни контроли на извозот на материјали за чипови во Јужна Кореја.

Потегот на Токио речиси е во исто време со спорот за обесштетување на принудните работници во Кореа во периодот од 1910 до 1945 година.

Од 2 ноември до денеска во главниот град на Тајланд, Бангкок се одржува Самит на Асоцијацијата на земјите од Југоисочна Азија.

Но, на овогодинешниот самит на АСЕАН присуствуваа само тројца од десетте лидери – премиерот на Тајланд, која оваа година претседава со АСЕАН, на Виетнам и на Лаос. Додека другите земји беа претставени од министрите за надворешни работи.

О’Брајан денеска прочита писмо од претседателот Трамп, во кое тој ги кани лидерите на АСЕАН да ги посетата САД на „специјален самит“ на почетокот на следната година.

АСЕАН ја сочинуваат Индонезија, Камбоџа, Лаос, Мјанмар, Брунеј, Малезија, Филипини, Сингапур и Виетнам.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска

Лидери од АСЕАН повикаа за отворање на регионален пазар

Ана Ололовска