Мјанмар прогласи вонредна состојба во пограничното подрачје со Кина

Од:

Министерството за информации на Мјанмар попладнево соопшти дека е прогласена вонредна воена состојба во северозападната провинција Шан, која се граничи со Кина.

Во овој регион од 9 февруари се водат жестоки борби меѓу армијата и вооружените бунтовници од Коканг племињата, во кои досега загинаа над сто лица, а најмалку двојно повеќе се ранети. Од пред два дена базите на бунтовниците ги напаѓа и мјанмарската воена авијација.

Мјанмар индиректно, преку медиумите контролирани од државата, обвини дека властите од кинеската провинција Јунан и големите нарко дилери од регионот ги снабдуваат бунтовниците со модерно оружје, но во Пекинг овие наводи се демантирани. Кина, како што пренесува агенцијата Хсинхуа, обезбедува храна, лекови и засолништа за десетици илјади бегалци што дошле на нејзина територија.

Пред веста за воведување на вонредната воена состојба, претпладнето, претседателот на Мјанмар Теин Сеин изјави дека нема да се дозволи нарушување на територијалниот интегритет на неговата држава.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ