Претседателот на Мјанмар Теин Сеин денеска побара во Парламентот повторно да се отвори и измени неодамна донесениот закон за образование, кој предизвика протести и немири во Јангун.
Соочени со нови студентски протести, предводени од активисти кои имаа значајна улога во паѓањето на воениот режим пред пет години, сегашните власти најавија низа измени и дополнувања на законот за образование.
Мјанмар со отстапките што ќе ги прави за студентите спречува уште едно жариште кое може да ја зголеми политичка криза во државата.
Минатата недела беа обновени судири со неколку бунтовнички племиња на северозапад на државата, со што на неопределно време е одложено постигнувањето спогодбата за мир во државата.