Мјанмар ги оспорува тврдења на Пекинг за бомбардирање на кинеска територија

Од:

Висок претставник на власта во Мјанмар денеска изјави дека се без основа вчерашните кинески тврдења според кои во петокот воени авиони на Мјанмар бомбардирале на кинеска територија, при што загинаа 4, а беа ранети 9 лица кои работеле на плантажа на шеќерна трска. Јангун официјално побара негови експерти да учествуваат во истрагата на несреќата, наведувајќи дека сигурно ќе се открие дека бомбите не биле исфрлени од нивни воени авиони.

Обвинувајќи го мјанмарското воено воздухопловство за инцидентот, Пекинг вчерасоопшти дека воведува патролирање на кинески авиони долж границата со Мјанмар.

Властите во Мјанмар укажуваат дека бомбардирањето во кое имаше жртви на кинеска територија е дело на бунтовничката армја од племето Коканг, со која војската на Мјанмар, употребувајќи авијација и тешка артилерија, се пресметува веќе три недели. Во Мјанмар се тврди дека бунтовничките сили имаат поддршка од Кина, во чија што провинција Јунан пребегаа над 100.000 жители од подрачјата на кои се водат борбите.

Се тврди и дека покрај финасиска и логистичка поддршка што доаѓа од Кина, поранешни кинески офицери ги обучуваат бунтовниците кои сакаат провинцијата Шан да стане самостојна држава,

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ