Полицијата на американската област Џенеси, Мичиген побара помош од јавноста за расветлување на убиството на Орхан Хосиќ (33), државјанин на Босна и Херцеговина, кој долго време живеел во САД.
Според американските медиуми, шерифот Крис Свенсон изјавил дека Хосиќ бил застрелан во неговиот дом во Фентон.
„Она што со сигурност го знаеме е дека не се работи за случајно убиство, бидејќи се изгледа смислено. Затоа, жителите на оваа населба не треба да се грижат за својата безбедност бидејќи ова е намерно дело, а не обичен грабеж и убиство“, изјави шерифот Свенсон.
Единствената информација до која полицијата можеше да дојде е дека многу луѓе од соседството тој ден забележале портокалово возило, што засега е единствената трага.
„Тие го видоа како брзо се движи низ соседството, но сето тоа се мали парчиња од оваа загатка. Во моментов немаме конкретно водство“, изјави Свенсон.
Свенсон рече дека истрагата моментално е во „ќорсокак“ и нема конкретен доказ бидејќи на крајот немало надзорни камери, што дополнително ја усложнува целата работа.
Свенсон рекол дека Хосиќ бил државјанин на Босна и Херцеговина, но дека долго време живеел во Америка. Никогаш не бил проблематичен, соседите никогаш немале проблем со него, ниту пак бил пријавен во полиција. Свенсон вели дека Хосиќ живеел осаменички и дека работел од дома.