Мерц за нападот врз Иран: Ако САД нè прашаа, ќе речевме – немојте!

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Берлин ќе ги советуваше САД да не започнуваат напад врз Иран доколку беа консултирани пред почетокот на воената операција.

Зборувајќи во Бундестагот, Мерц истакна дека Германија сè уште има „многу прашања“ за стратегијата зад кампањата што ја започнаа САД и Израел на 28 февруари.

„До денес, не постои убедлив план за тоа како оваа операција би можела да успее“, рече германскиот канцелар.

Тој додаде дека Вашингтон не побарал мислење од европските сојузници, ниту пак сметал дека нивната помош е неопходна.

„Соединетите Американски Држави не се консултираа со нас и не сметаа за неопходна европска поддршка“, рече Мерц.

Мерц, исто така, повтори дека Германија нема да испраќа воени бродови во Ормутскиот теснец, и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до сојузниците во НАТО да помогнат во заштитата на трговските бродови од ирански напади.

Тензиите на таа клучна бродска рута дополнително го зголемија растот на цените на нафтата на светските пазари.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

Катерина Ѓуровски

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Мерц: Не можам да верувам дека целата сала во Минхен беше на нозе за Рубио, јас не би станал

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мелони и Мерц, новото и моќно дуо на ЕУ

ВИДЕО: „БДП на Русија моментално е околу 2 трилиони евра. БДП на Европската Унија е речиси десет пати поголем. И сепак Европа не е десет пати посилна од Русија“

Катерина Ѓуровски

Мерц: „Светски поредок заснован на права и правила повеќе не постои“

Горан Наумовски