Медиумите од државите на АСЕАН основаа Форум за афирмација на Економската Заедница на десетте држави од југоисточна Азија

Од:

Претставници на големи медиумски групации од повеќе држави од југоисточна Азија денеска во Џакарта потпишаа спогодба според која заеднички ќе работат на афирмација на проектот за оснивање на Економската Заедница на АСЕАН (АЕК).

Формално, подготовките за воспоставување на АЕК десетте држави ги започнаа во јануари годинава, а Заедницата целосно треба да профункционира до 2025 година.

За над 650 милиони жители на Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Филипините, Лаос, Камбоџа, Мјанмар, Тајланд и Виетнам АЕК треба да значи заедница во која ќе се живее во услови идентични на сегашните во Европската Унија.

Директорите на големите медиуми од АСЕАН денеска ги прими претседателот на Индонезија Јоко Видодо. Заблагодарувајќи им на иницијативата, Видодо истакна дека Индонезија, како и повеќето држави од АЕК имаат првенствена задача да ја спроведат дереулацијата во економијата и да постават заеднички критериуми за почитување на човековите права.

До донесувањето на програмата за работа на Форумот, која треба да се усвои на состанок на медиумските куќи што во јуни ќе се одржи во Лаос, Формуот ќе го координира индонезискиот медиумски конзорцијум Џакарта Пост.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска