Макрон: Заканите на Трамп се неприфатливи

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини во врска со Гренланд се неприфатливи и дека доколку бидат потврдени, Европа ќе одговори на координиран начин.

„Франција е посветена на суверенитетот и независноста на државите, во Европа и на други места во светот. Ова ги води нашите одлуки. Нашата посветеност кон Обединетите нации и нивната Повелба се темели на ова“, се вели во објавата на францускиот претседател на платформата X.

„Врз таа основа, ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и изградивме коалиција од оние кои се подготвени за силен и траен мир, со цел да ги одбраниме тие принципи и нашата безбедност“, напиша тој.

Тој додаде дека врз истата основа ја донеле одлуката да учествуваат во вежбата организирана од Данска во Гренланд.

„Целосно ја прифаќаме таа одлука, бидејќи безбедноста на Арктикот и на надворешните граници на нашата Европа е во прашање. Никакво заплашување или закани нема да нè засегнат – ниту во Украина, ниту во Гренланд, ниту никаде на друго место во светот кога се соочуваме со вакви ситуации“, истакна тој.

Тој рече дека царинските закани се неприфатливи и немаат место во овој контекст.

„Европејците ќе одговорат на нив на унифициран и координиран начин доколку бидат потврдени. Ќе се погрижиме европскиот суверенитет да биде зачуван. Во тој дух, ќе се приклучам на разговорите со нашите европски партнери“, се вели во соопштението на Макрон.

Би можело да ве интересира

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Макрон: Русија се соочува со пораз

А1он

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Макрон: Екологијата стана лесна мета за екстремистите во последните години

А1он

(ВИДЕО) Музичко дуо какво што никој не очекуваше: Макрон се фати за микрофон, Пашинјан го придружуваше на тапани