Макрон: Во следните осум до десет дена ќе го зголемиме притисокот врз Русија

Од:

Во следните осум до десет дена ќе го зголемиме притисокот врз Русија. Ова го изјави претседателот на Франција, Емануел Макрон, во интервју за францускиот неделник „Пари Мач“.

Во интервјуто, тој смета дека успеал да ги убеди Американците за можноста за ескалација на заканите и евентуално воведување санкции против Москва.

„Следните петнаесет дена ќе бидат клучни во обидот за спроведување на прекинот на огнот“ во Украина, рече Макрон.

Во интервјуто, Макрон исто така рече дека Фридрих Мерц ќе ја посети Франција на 7 мај, што ќе биде негова прва посета како германски канцелар.

Тој, исто така, посочи дека Франција и Полска ќе потпишат договор за пријателство на 9 мај во францускиот град Нанси. На церемонијата ќе присуствува полскиот премиер Доналд Туск.

Макрон нагласи дека овој договор ќе биде историски меѓу Полска и Франција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Откриена е „Вашингтонска група“ во која европските лидери го коментираат Трамп

Макрон: Не е време за нов империјализам и колонијализам

А1он

„Трамп, не, благодарам“

Макрон: Заканите на Трамп се неприфатливи

А1он

Емануел Макрон води состаноци со очила за сонце

А1он