Францускиот претседател Емануел Макрон на Светскиот економски форум во Давос изјави дека не е време за нов империјализам и колонијализам, туку за соработка со цел да се одговори на глобалните предизвици.
„Среќен сум што сум тука во време на мир, стабилност и предвидливост“, рече Макрон, предизвикувајќи смеа кај публиката.
Макрон посочи на актуелните предизвици во светот, во време на зголемено насилство и војни, како и дигитални напади.
-Во таква ситуација, новиот колонијален пристап не носи успех, но одговорот е поголема соработка и нов стратешки пристап кон економскиот суверенитет, рече Макрон.
Тој рече дека европската стратегија треба да биде поголема автономија заснована на раст, конкурентност и иновации.
Макрон заклучи дека главната цел, глобално и во Европа, треба да биде голем пазар и силна инфраструктура, заснована на принципите на владеење на правото.
-Ќе направиме сѐ што можеме за да имаме посилна Европа. Ќе бидеме посветени на инвестирање во одбраната и безбедноста. Веруваме дека ни треба поголем раст и стабилност во светот, но претпочитаме почит пред насилство, владеење на правото пред бруталност, рече Макрон.