Макрон: Конечно има шанса за вистински напредок кон траен мир во Украина

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон денес на почетокот на видео конференцијата на таканаречената коалиција на добронамерните изјави дека „конечно постои шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“.

„Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не гаранции само на хартија“, предупреди францускиот претседател, според порталот BFM TV.

Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се придружи на овој состанок на коалицијата на добронамерните, која е составена главно од европски земји кои се подготвени да обезбедат гаранции за Украина.

Макрон рече и дека Русија е единствената пречка за мир во Украина и ја обвини Москва дека води хибридна конфронтација со Европа, вклучително и Франција.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нередите во Париз продолжија до рано утрово

Макрон: Франција ќе го заштити саудискиот нафтовод Исток-Запад

А1он

(ВИДЕО) Макрон: Можен е руски напад врз Европа, постојат знаци дека се подготвуваат

Макрон: Да не подлегнеме на духот на поразот, да застанеме зад ОН пред „законот на џунглата“

А1он

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Макрон: Русија се соочува со пораз

А1он