Макрон го моли премиерот во заминување пак да преговара со партиите

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва го замоли премиерот во заминување – Себастијан Лекорну да организира уште еден разговор со политичките партии до среда навечер, со цел да се најде излез од политичката криза, објавува „Франс 24“.

Одлуката е донесена неколку часа откако Лекорну поднесе оставка од функцијата премиер, само 27 дена по преземањето на функцијата.

По средбата со претседателот на земјата, Лекорну објави дека го прифаќа барањето на Макрон за преговори со цел решавање на сегашната политичка криза.

„Во среда навечер ќе му кажам на претседателот дали е можно или не, за да може да ги извлече сите потребни заклучоци“, рече Лекорну.

По средбата Макрон изјави дека е подготвен да „преземе одговорност“ доколку премиерот во заминување не успее да постигне договор во парламентот во следните 48 часа.

Со таа порака, се чини дека Макрон навестува дека ќе го распушти Националното собрание, според аналитичарите.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Дипломатски конфликт по смртта на десничарски активист – Макрон и Мелони во отворена „војна“

А1он

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Откриена е „Вашингтонска група“ во која европските лидери го коментираат Трамп

Макрон: Не е време за нов империјализам и колонијализам

А1он