Макрон: Француски фоторепортер e убиен од руски дрон на фронтот во Украина

Од:

Францускиот фоторепортер Антони Лаликан почина денес во Украина како жртва на руски напад со беспилотни летала додека ја придружуваше украинската армија на фронтот, објави францускиот претседател Емануел Макрон.

„Нашиот сонародник ја придружуваше украинската армија на фронтот на отпорот. Со длабока тага дознав за неговата смрт, жртва на руски напад со беспилотни летала“, напиша францускиот претседател на X.

Во таа пригода, тој им оддаде почит на сите оние кои „го ризикуваат својот живот, ја информираат (јавноста) и сведочат за реалноста на војната“.

Макрон изрази сочувство до семејството на починатиот фоторепортер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нередите во Париз продолжија до рано утрово

Макрон: Франција ќе го заштити саудискиот нафтовод Исток-Запад

А1он

(ВИДЕО) Макрон: Можен е руски напад врз Европа, постојат знаци дека се подготвуваат

Макрон: Да не подлегнеме на духот на поразот, да застанеме зад ОН пред „законот на џунглата“

А1он

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Макрон: Русија се соочува со пораз

А1он