Макрон: 26 земји се подготвени да учествуваат во повоената мисија во Украина

Од:

Дваесет и шест земји се подготвени да учествуваат во меѓународните сили како дел од безбедносните гаранции за Украина во случај на мировен договор со Русија, објави францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на сојузниците на Киев.

Макрон рече дека тој, европските лидери и претседателот на Украина Володимир Зеленски разговарале со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп по самитот и дека американскиот придонес кон гаранциите ќе биде финализиран во наредните денови.

Средбата на 35 лидери од „коалицијата на добронамерните“, претежно европски држави, имаше за цел да ги финализира безбедносните гаранции и да побара од Трамп поддршка за која Европејците тврдат дека е клучна за тие гаранции да бидат одржливи.

„Како форма на охрабрување, 26 земји ветија дека ќе распоредат трупи во Украина, каде што ќе бидат присутни на копно, на море или во воздух“, изјави Макрон пред новинарите, стоејќи до Зеленски во Елисејската палата во Париз.

Макрон рече дека безбедносните гаранции пред сè ќе вклучуваат обврски за обнова и зајакнување на украинските вооружени сили.

Германија и други земји ветија дека ќе учествуваат во напорите, но Берлин нагласи дека ќе одлучи за воено вклучување само кога условите ќе бидат јасни, вклучително и обемот на американското учество во безбедносните гаранции.

Макрон не прецизираше кои земји се обврзале да испратат војници, но Франција и Велика Британија се меѓу оние кои претходно покажаа подготвеност да учествуваат во сила што ќе го охрабри Киев и ќе ја одврати Русија од повторно напаѓање на Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нередите во Париз продолжија до рано утрово

Макрон: Франција ќе го заштити саудискиот нафтовод Исток-Запад

А1он

(ВИДЕО) Макрон: Можен е руски напад врз Европа, постојат знаци дека се подготвуваат

Макрон: Да не подлегнеме на духот на поразот, да застанеме зад ОН пред „законот на џунглата“

А1он

Макрон за договорот меѓу Иран и САД: Не верувам дека војната е целосно завршена!

А1он

Макрон: Русија се соочува со пораз

А1он