Макрон: 26 земји се подготвени да учествуваат во повоената мисија во Украина

Од:

Дваесет и шест земји се подготвени да учествуваат во меѓународните сили како дел од безбедносните гаранции за Украина во случај на мировен договор со Русија, објави францускиот претседател Емануел Макрон по самитот на сојузниците на Киев.

Макрон рече дека тој, европските лидери и претседателот на Украина Володимир Зеленски разговарале со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп по самитот и дека американскиот придонес кон гаранциите ќе биде финализиран во наредните денови.

Средбата на 35 лидери од коалицијата на добронамерните“, претежно европски држави, имаше за цел да ги финализира безбедносните гаранции и да побара од Трамп поддршка за која Европејците тврдат дека е клучна за тие гаранции да бидат одржливи.

Како форма на охрабрување, 26 земји ветија дека ќе распоредат трупи во Украина, каде што ќе бидат присутни на копно, на море или во воздух“, изјави Макрон пред новинарите, стоејќи до Зеленски во Елисејската палата во Париз.

Макрон рече дека безбедносните гаранции пред сè ќе вклучуваат обврски за обнова и зајакнување на украинските вооружени сили.

Германија и други земји ветија дека ќе учествуваат во напорите, но Берлин нагласи дека ќе одлучи за воено вклучување само кога условите ќе бидат јасни, вклучително и обемот на американското учество во безбедносните гаранции.

Макрон не прецизираше кои земји се обврзале да испратат војници, но Франција и Велика Британија се меѓу оние кои претходно покажаа подготвеност да учествуваат во сила што ќе го охрабри Киев и ќе ја одврати Русија од повторно напаѓање на Украина.

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Дипломатски конфликт по смртта на десничарски активист – Макрон и Мелони во отворена „војна“

А1он

Макрон: Администрацијата на Трамп е отворено антиевропска и се стреми кон распаѓање на ЕУ

Катерина Ѓуровски

Откриена е „Вашингтонска група“ во која европските лидери го коментираат Трамп

Макрон: Не е време за нов империјализам и колонијализам

А1он