Еден мајмун ја остави цела Шри Ланка без струја.
„Мајмунот дошол во контакт со мрежен трансформатор, предизвикувајќи краток спој“ кој го „урнал“ целиот електроенергетски систем на Шри Ланка, изјави министерката за енергетика Кумара Јајакоди.
Тоа се случи во неделата, а и денеска се обновува снабдувањето со електрична енергија на државата со 22 милиони жители, најавија надлежните.
Иако во некои области е обновена електричната енергија, не се знае колку долго ќе ја чекаат другите.
Експертите истакнуваат дека електричниот систем на Шри Ланка е застарен и подложен на спонтани проблеми и дефекти.