Мачката на британскиот министер за финансии е кинески шпион?

Од:

Фреја, мачката на британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, станала кинески шпион, се сомневаат многу политичари во владејачката конзервативна партија.

Таа мистериозно исчезна на две години, па по сплет на чудни околности им е вратена на сопствениците и од тогаш непречено влегува во сите државни институции, дури и оние во кои се кријат најголемите британски тајна. Неколку високи официјални лица веќе го предупредиле Озборн да внимава на неговото милениче затоа што не е исклучено дека Кинезите ја киднапирале, озвучиле и истренирале, па ја вратиле на министерот.

Џорџ Озборн ја купи Фреја за своите деца во 2009 година, додека се уште беше во опозиција и живееше на Нотинг Хил во Лондон. Меѓутоа, после неколку месеци мачката исчезна. Минатата година, кога Озборн со семејството веќе се пресели во резиденцијата во Даунинг стрит, неговата жена Франсес добила неочекуван телефонски повик, при што е информирана дека Фреја е најдена. Се утврдило дека мачката живеела како скитничка, а за неа наводно се грижеле поранешните соседи на Озборн. Вратена е кај семејството на министерот, благодарејќи на микрочипот со податоците за сопственикот. Меѓутоа, колегите на Озборн ториевци се сомневаат во врска со таа приказна.

– Некои од нас мислат дека Кинезите ја фатиле. Мачките се погодни за шпиони затоа што можат да влезат секаде, што Фреја и го прави. Таа непречено поминува покрај полицијата, детекторите и влегува во владините простории. Ако Кинезите под кожата и вградиле прислушкувачи и камери, тогаш знаат поголем дел од нашите државни тајни, изјави еден од ториевците и додаде дека Озборн е најдобро информираниот министер, што е сомнително.

Во текот на последните месеци, љубопитната Фреја е видена во најчуваниот дел на министерството за надворешни работи, како и во кабинетот на премиерот Дејвид Камерон во Даунинг стрит бр. 10. Таа, набрзо откако е најдена се степала со мачката на Камерон, Лари и победила, па сега слободно шета по резиденцијата на премиерот. Фреја се обидела да влезе и во трезорот, а видена е и во воениот команден центар во текот на одржувањето на тајните вежби во кои учествувала морнарицата.

Би можело да ве интересира

Младоженецот доживеал напад, па невестата си нашла нов сопруг

Емир Латифовиќ

Полјак за пола година го превеслал Атлантикот

Емир Латифовиќ

ФОТО: Како изгледа фабриката во која се изработуваат бебиња Исус

Емир Латифовиќ

Корисници на интернет за 15 минути решиja 18 година стара мистерија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Тоалет на раб на бездна

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Американци му помогнаа на чешки бездомник да се врати дома од САД

Емир Латифовиќ